Ана Николиќ и Стефан Ѓуриќ Раста имаа бурна врска, изгледа од самиот почеток кога се дозна за нивната романса. Брак, раѓање на дете, развод, расправии на социјалните мрежи – сето тоа им го одбележа животот.
Николиќ често зборуваше за раскинување со раперот, но сега призна дека во моментот кога ги доставила документите за развод најмногу го сакала поранешниот сопруг.
– Кога го напуштив Раста и кога ги поднесов документите за развод, тогаш најмногу го сакав – рече Николиќ, присетувајќи се на моментите кога го посетила во затвор:
-Кога одев во затворот, не знаеа како да ме заведат… Одам со тој вел на погреби… Ме прашуваат „Каде ти е венецот? Велам „Кај чуварот“ – изјави Ана Николиќ за „Магазин Ин“.
Ана, инаку, пред неколку месеци јавно изнесе клевета за бившиот сопруг и му се заканила дека ќе открие дека е лош татко.
Сепак, таа неодамна изјави дека сега се во добри односи, и дека не е „блокирана“ во неговиот телефон.
фото:Инстаграм принтскрин