Ана Николиќ уште еднаш ја нападна својата некогашна добра пријателка и колешка Јелена Карлеуша. Иако по минатогодишната жестока полемика меѓу нив, се чинеше дека страстите малку се смирија, а сега се чини дека Ана сепак не заборавила и не преминала преку острите зборови на Јелена упатени кон неа, за кои еднаш и се закани со тужба.
Сега во емисијата „Ексклузивно“ зборувајќи за конфликтот што долго време го има со Милица Павловиќ околу песната „Проверено“, во се ја вмешала и Карлеуша, која ја смета за ментор на Милица.
– Милица се консултира со Јелена Карлеуша, која за мене е -неквалификуван естарден изведувач, а најмалку уметник. Павловиќ не е ни тоа, но што ќе правиш? – истакна Ана, а потоа продолжи:
– Жал ми е за Милица. Таа го сфаќа ова премногу сериозно. Таа се бори, и е од ист тип како нејзиниот ментор – шоу работник. Немам повеќе став – заврши Николиќ.
Да потсетиме, конфликтот меѓу Ана и Милица настана откако Ана изјави дека не го поддржува одржувањето на Европрајд во Белград минатата година, како и сите прошетки од тој тип. После тоа, Карлеуша ја повика Ана да и се извини на ЛГПТ популацијата, бидејќи таа, меѓу другото, и ја спасила кариерата. Потоа меѓу нив „паднале“ и тешки зборови, па Ана одлучила да ја тужи Јелена, бидејќи, како што напишала Николиќ, за неа давала изјави во јавноста и на социјалните мрежи без никаква основа и докази.
– ЈК прво треба да им се извини на нејзините ќерки. А потоа нека си се извини на себе. Ќе се сретне со мене на суд, бидејќи ќе треба да ги докаже обвинувањата што ги изнела. Наскоро ќе видиме кој користи психоактивни супстанци. Ќе ја бркам до Стразбур, бидејќи тоа е лага и мојата животна траума предизвика распад на моето семејство. Беше срамота – истакна тогаш таа, додека поттик за нови навреди на сметката на Милица беше фактот што таа ја одби нејзината покана да ѝ биде гостин на концертот во белградска арена во октомври.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Ана Николиќ/Дамир Дервишагиќ