Поранешната задруга Ана Кориќ неодамна стана мајка и роди момче.
Иако беше во медиумска илегала за време на бременоста, сега редовно ги споделува своите убави моменти со следбениците на социјалните мрежи, а вешто ги крие синот и избраникот.
Но, сега Кориќ конечно одлучи да сподели фотографија со својата посилна половина.
View this post on Instagram
На сликата се гледа дека двајцата се некаде низ градот, во јавност, а додека тој позирал со свртен грб, таа силно го гушнала околу вратот и му се обратила со трогателни зборови.
„Не може секој да се гушка, прегратката е уметност, а не сите луѓе се уметници“ – гласеше текстот што го објави поранешната задругарка со кој предизвика лавина од коментари.
Да потсетиме, многумина забележаа дека Ана целосно го променила стилот на облекување и дека откако се породила повеќе нема толку провокативни стајлинзи.
Фото: Принтскрин/Инстаграм