Радио Милева

Ана Кокиќ конечно проговори за разводот: „Не беше онака како што очекував“

Ана Кокиќ конечно проговори за разводот: „Не беше онака како што очекував“

На почетокот на оваа година, Ана Кокиќ и Никола Раџен одлучија да се разведат по една деценија брак.

По тој повод се огласија со заедничко соопштение за јавноста, истакнувајќи дека одлуката била заедничка и дека ќе останат во пријателски односи.

Во интервју за „Блиц“, Ана откри дека периодот по разводот воопшто не бил лесен.

 

View this post on Instagram

 

Off to Istanbul … #turkishairlines #tkmoments #widenyourworld #turkishairlinesbelgrade #istanbul

A post shared by Nikola Radjen (@nikola_radjen) on

„Јас сум добро. Дали помина тешкиот период? Да беше тежок,но не толку како што очекував. Едноставно, остана добрата комуникација, ние и понатаму сме во добри односи и тоа ни помогна да функционираме подобро. Се е океј“ вели пејачката и додава дека од децата не ја криеле вистината.

„Како може на децата да им објасните? Морате да бидете искрени бидејќи децата чувствуваат. Секое глумење е лошо глумење. Јас нив секогаш ги гледав како возрасни и рамноправни со нас, така да не сакав да им раскажувам бајки. Им даваш одговор на секое прашање“ вели Кокиќ.

To top