Пејачката Ана Кокиќ последните години се повлече од јавноста, па не можеме да ја видиме како гостува во емисии или се појавува на некој настани.
Меѓутоа, сега екипата на „Папарацо лов“ ја фатила како ги извршува секојдневните активности. Имено, Ана заедно со нејзината сестра е снимена во Белград како посетува продавници.
Кокиќ била во потполно опуштено издание , во тренерка, без шминка и фризура, а многумина забележаа дека качила и неколку килограми.
Инаку, поранешниот сопруг на Ана, со кој има две ќерки, ватерполистот Никола Раѓен, неодамна се ожени со својата избраничка Милица и наскоро ќе добие син.
Фото: Принтскрин/Папарацо Лов