Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ (35) пред три месеци го роди своето трето дете, а по породувањето брзо се врати во топ форма.
Ана веќе може да се пофали со стомачни и извајани затегнати нозе. Имено, таа е многу активна на социјалните мрежи каде редовно објавува фотографии од нејзиното секојдневие, од прошетки, од патувања, од кујна, со сопругот…
View this post on Instagram
Овој пат таа објави малку поинаква фотографија, со која ги воодушеви сите со својот изглед. Ана важи за некој со многу стил, па често ги остава без зборови со своите елегантни тоалети.
Така беше и овој пат, кога избра малку поинаков стил, но кој повторно ги распамети сите. Поранешната спортистка носеше кратки шорцеви, маица и сандали на високи потпетици, па нејзините долги нозе дојдоа до израз. Сè заокружила со очила за сонце и опуштена пунџа.
Ана брзо доби бројни комплименти од своите следбеници на Инстаграм.
View this post on Instagram
„Оваа жена станува се поубава“, „Многу си убава, здрава жена е среќна и убава жена“, „Браво за стајлингот“, „Во вакви комбинации досега не сме те виделе, но ова е топ “, напишаа во нејзините коментари.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Ана Ивановиќ