Веста дека Ана Николиќ и Раста се разведуваат нешто повеќе од година дена откако го изговорија судбоносното „Да“,изненади многумина.
Како што пишуваат српските медиуми, Ана Николќ одлучила да стави точка на бракот бидејќи не можела да го поднесе се почестото отсуство на Раста од домот.
Ана се породи во август годинава и на свет ја донесе ќерката Тара, а во последно време се почесто чувствувала дека нема поддршка од сопругот во одгледувањето на детето. Тоа доа и пречело, како и кавгите кои следеле.
Новинарите од српски Блиц го повикаа адвокатот на семејството Ѓуриќ, кој не сакал да каже ништо по ова прашање.
-Знаете како, тоа се доста сензитивни нешта и не сакам ништо да зборувам. Барајте ме утре кога мојата клиентка Ана ќе дојде кај мене и тогаш ќе можам нешто да ви кажам, вели адвокатот.