Радио Милева Горд татко

Ана е копија на тато: Ова е наследничката на Никола Којо која има талент и за пеење (видео)

Ана е копија на тато: Ова е наследничката на Никола Којо која има талент и за пеење (видео)

Серијата „Во клинч“ го врати Никола Којo на малите екрани, во улога на поранешен боксер и татко на двајца тинејџери.

Иако во досегашната кариера оствари голем број забележителни улоги, по филмот „Ние не сме ангели“ Никола Којо се чини стана параметар за „татковска фигура“. Во приватниот живот со сопругата Александра одгледува три ќерки – најстарата е родена во 2008 година, додека близначките се пет години помлади.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by nikola kojo (@nikola_kojo_pravi)

Она што за многумина изгледа незамисливо, особено во времето на бум на социјалните мрежи, Никола го постигна без мака. Имено, девет години, колку што е возраста на помладите девојки, јавноста не ги дознава нивните имиња. Нема сомнение дека би им завидувале многу холивудски ѕвезди, кои даваат се од себе деталите од нивниот семеен живот да ги задржат од љубопитните таблоиди.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by nikola kojo (@nikola_kojo_pravi)

Постарата ќерка Ана, која неодоливо наликува на познатиот татко од тинејџерските денови, кога веќе почна да се појавува во филмови, покажува интерес да го следи неговиот пат.

Имено, за време на карантинот, Никола со Ана сними видео клип во кој заедно ја пеат песната на Бајага „Лепа Јања“. Во таа прилика актерот напоменал дека девојката еден ден би можела да биде музичар доколку учи и вежба напорно. А зошто да не и актерка?

фото:Инстаграм

To top