Пејачката Ана Бекута гостуваше во емисијата „Амиџи шоу“, а во студиото друштво и правеше нејзиниот долгогодишен избраник Милутин Мркоњиќ –Мрка.
На прашањето на Огњен Амиџиќ кога го имала првиот бакнеж. Ана одговара дека не се сеќава ни кога, ниту со кого тоа било.
-немој да лажеш! – дофрли Мрка од публиката, што ги насмеа сите во студиото, но затоа Ана се сеќава на сите детали од првиот бакнеж со него.
-Со Милутин првиот бакнеж се случи на 14-ти февруари 2012 година – вели Ана, на што Мрка повторно се огласи дека тоа било во девет ипол навечер.
И повторно сите во студиото врескаа од смеа, а следеше и аппауз. Погледнете го тоа на снимката од 2:19 минути.