Ана Бекута ги изненади следбениците на нејзината музика со промена на изгледот, за што многумина и честитаа.
По долга пауза, Бекута сега објавува и нова песна. Пејачката сними и спот за песната „Сад је касно да се кајем“.
Таа ослабе повеќе од 15 килограми токму поради снимањето на новиот спот, а нејзиниот изглед не престанува да се коментира.
Ана на својот „Инстаграм“ објави фотографија за да го најави својот нов проект, а првото нешто што го забележаа фановите и пријателите е дека ослабела и тоа драстично. Бројните коментари под фотографијата открија дека промената на нејзиниот изглед ја воодушевила публиката, а за таа сметка доби грст комплименти во кои многумина тврдат дека никогаш не изгледала поубаво.
View this post on Instagram
По големата загуба што ја доживеа, кога емотивниот партнер Милутин Мркоњиќ засекогаш ја напушти, Ана собра сили да се издигне над болката и да започне ново животно поглавје како нова верзија на себе, за што многумина ј апочитуваат и и честитаат.
Фото: Принтскрин/Инстаграм