Пејачката Ана Бекута се уште тагува по Милутин Мркоњиќ Мрка, политичарот во кој беше вљубена, а кој почина пред две години. При посетата на гробот на Мрка, Ана пронашла мистериозна порака, а на неа и нејзиното име и сето тоа го објавила на својот Инстаграм профил.
– Пред некој ден ги најдов овие цвеќиња на гробот на Милутин, пораката „Ти благодарам што толку ја сакаше Ана“ и оддалеку ја видов девојката што го остави. Би сакала да ме контактира овде или да ми прати порака лично да и се заблагодарам, бидејќи не можев да видам кој е. Ти благодарам што ме сакаш сите овие години, особено последните две – напиша пејачката.
View this post on Instagram
Да потсетиме дека Ана и Милутин важеа за многу хармонична двојка, а пејачката и по две години од смртта е неутешна. Мркоњиќ еднаш откри како се запознале и како се родила љубов меѓу нив:
-Кога ја видов Ана на концертот на Шабан, не знаев која е. Пред тоа запознав многу нејзини колешки како Цеца, Снежана Ѓуришиќ, Лепа Брена, тоа е моја работа, ние политичарите постојано се среќававме со пејачки ѕвезди, но не со неа. Беше во наша близина, а јас само го прашав Шабан дали ја пее „Златиборорске зоре“, инаку навистина не знаев која е – рече тогаш, па додаде:
View this post on Instagram
– На забавата по концертот на Шабан и нарачав песна на Ана и и дадов бакшиш, а таа ми рече да ја извадам бурмата. Јас ѝ одговорив: „Ќе го направам, ако ми ги вратиш парите“, што, се разбира, таа не го направи. Сите добро се смееме, изјавил тогаш тој.
фото: Instagram printscreen/ anabekuta1