Радио Милева победникот не значи ништо

Ана Бекута брутално искрена по финалето на „Ѕвездите на Гранд“: „Победниците ретко прават кариера“ (фото)

Ана Бекута брутално искрена по финалето на „Ѕвездите на Гранд“: „Победниците ретко прават кариера“ (фото)

Пејачката Ана Бекута имаше еден кандидат во големото финале на „Ѕвездите на Гранд“, младата Ивона Дамјановиќ од Сомбор со која несебично работеше и покрај фактот дека таа е некој  од светот на  фолкот, а  својата кандидатка ја  подготвуваше и настапуваше  претежно со  забавна музика изненади многумина.

Сепак, таа шокираше со изјавата дека многу победници од ова натпреварување не направиле кариера.

– Не сакам да зборувам за тоа бидејќи од многу фактори зависи кој ќе ја заврши работата подоцна. Се покажа дека победниците ретко прават кариери. Не знам зошто е тоа така, варојатно тие од позадина се трудат повеќе. Сè е прашање на моментот. Дали победникот ќе добие добра песна, дали таа песна ќе биде забележана од публиката. Има многу интересни работи овде, јас сум тука од почетокот на овој формат и победникот не значи ништо. По оваа финална вечер се прави кариера и тој што има најмногу среќа и памет ќе стане ѕвезда – изјави Бекута.

Пејачката исто така истакна дека еден фактор е пресуден.

– Факторот х е одлучувачки, да не се лажеме. Кога се натпреварував како девојка во „Првиот глас на Србија“, никогаш не бев прва, секогаш втора, трета, четврта, но направив кариера – истакна пејачката.

Фото: Принтскрин/ТВ Прва/Инстаграм

 

To top