Кога се појави на музичката сцена во 2008 година, изгледот на Ана Бебиќ дојде до израз. Дека има специфична убавина, поради која се истакнува, забележаа членовите на жирито, учесниците, па дури и публиката која непосредно пред тоа ја прогласи Ана за најубава жена во Хрватска.
Убавината и шармот на Ана проработи и кога го запозна продуцентот Филип Милетиќ кој за неа и за Северина го направи хитот „Италијана“. Таа помина неколку години со хитмејкерот, а потоа се заљуби во Иван Ѓолиќ, ИТ експерт со кој има два преслатки сина. Семејниот живот и донесе многу убави нешта на Бебиќ, а таа се исполни во улогата на сопруга и мајка и според многумина живее живот од бајка. За жал, поради семејството мораше да прекине со музиката на одредено време, но неодамна се врати со уште подобри песни и спотови, но со изменет изглед.
Со оглед на убавината која ја поседува и со која може да се пофали, сите беа изненадени од одлуката на Ана да го корегира носот. Не се знае точно каква интервенција направила убавата Хрватка, но се чини дека целосно го променила личниот опис. Сликата која сведочи за тоа привлече големо внимание во јавноста и коментарите кои беа споделени.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Пинк.рс