Амира Медуњанин, Дарко Рундек и Жељко Бебек со ексклузивни концерти во август ќе настапат во Хераклеја – Битола. Привилегија за само 600 посетители по вечер!
Авалон Продукција се потруди да ги исполни желбите и на битолчани да имаат барем неколку културни настани ова лето.
Така, публиката ќе може да ги види следните артисти во следните денови и редослед:
Амира Медуњанин: 08-ми август.
Дарко Рундек: 14-ти август.
Жељко Бебек: 22-ри август.
Во продажба ќе бидат пуштени само 600 влезници од концерт, и тоа веднаш од утре преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија.
Носењето на заштитни маски е задолжително за сите посетители и без нив нема да биде дозволен влез на концерт.