Американската етно и латино пејачка со македонско потекло, Сара Ароесте, ја промовираше преработката на познатата народна песна „Од Битола појдов“ со која ја започна турнејата низ Македонија.
Имено, Сара на 22-ри јули настапуваше на „Локум фест“ во Битола, на 24-ти јули на „Охридско лето“ а на 27-ми јули на „Скопско лето“.
Сара потекнува од еврејско семејство од Битола, кое до Втората светска војна живеело на самиот Широк сокак.
На преработката работела екипа од Македонија и Израел, а проектот е сниман минатото лето пред некогашната семејна куќа на предците на Сара во Битола.
Македонски продуцент е Мими Марковски а свој креативен придонес дале Сефедин Бајрамов и Вевки Амедов како придружни вокали, односно Амедов и како придружба на кларинет. Спотот кој можете да го погледнете е исто така сниман од македонска екипа, а пост-продукцијата е доработена во Израел.
фото:Јутјуб принтскрин