Радио Милева Ќе има за сите

Амал била шокирана од постапката на својот сопруг Џорџ Клуни: Ваквата негова одлука ќе им ги смени животите

Амал била шокирана од постапката на својот сопруг Џорџ Клуни: Ваквата негова одлука ќе им ги смени животите

Во едно од интервјуата што ги даде по повод премиерата на филмот Полноќно небо“, актерот Џорџ Клуни ги шокираше обожавателите.

Тој откри дека поголемиот дел од неговото богатство вредно околу 500 милиони долари, откако ќе умре, нема да го наследат неговата 42-годишна сопруга и децата, туку пријателите на Џорџ, пишува entertaintimes.com.

Клуни објасни дека направил тестамент со адвокат токму во времето кога првпат се сретнал со адвокатката за човекови права, на почетокот на 2014 година. Подоцна, кога тие беа во врска, Амал во еден момент не го праша што ќе стори со своето богатство по смртта.

Тој рече дека се шокирала кога тој и рекол дека повеќето од неговите пари ќе ги наследат неговите пријатели кои не успеале да се збогатат како него и на кои им треба помош за да можат да плаќаат за колеџот на своите деца.

Актерот се присети како тој долго време беше без пари и немаше скоро ништо, што го научи да биде благодарен за богатството што го има сега и го направи свесен за тоа колку може да биде тежок животот за ‘обичните’ луѓе. Тој самиот израснал во сиромашно семејство, објасни тој. Неговата самохрана мајка работела две работи и се грижела за него и за неговиот брат.

To top