Музичарот и некогашен член на „Нокаут“, Владимир Крстевски –Франц го почна летото со одмор на Хаваи заедно со своите три дами, сопругата Ема и двете ќеркички, Мелоди и помалата Мона.
Иако веќе неколку години не се дел од јавниот живот во Македонија, Франц и Ема не престанаа да бидат актуелни за домашните медиуми, па одвреме навреме осамнуваат наслови поврзани со детали од нивнот приватен живот во Америка.
Франц и Ема не се чести корисници на социјалните мрежи, но понекогаш знаат да изненадат со некоја објава, како овој пат од одморот на Хаваи каде се втора година по ред.
Авантури, коктели, палажа или едниоставно кажана чиста егзотика помешана со романтика и детската палавост на малите наследнички.
Се’ на се’ моменти за создавање спомени кои се носат целиот живот.
Франц и Ема девет години се во брак и заедно живеaт во Лос Анџелес. Тие брзо го проширија семејството, па на само една година откако ја добија Мелоди во 2019, следното лето им се роди и Мона.
фото:Фејсбук/Ема Џо Франц