Пејачката Алка Вуица мораше да донесе одлука што да прави и како да му помогне на своето милениче кучето Пако, кое и донесе радост во последните години.
-Јас сум најтажната личност на целиот свет! Го убив моето куче! Моја љубов️! Пако Ангел Тигар, почивај во мир, напиша таа на социјалните мрежи.
Хрватската пејачка од се срце им се заблагодари на ветеринарите кои, како што рече, и ја вратиле вербата и во животните и во луѓето.
View this post on Instagram
-Знам дека зборот „убиен“ е премногу тежок и пресилен, но сакав да пренесам колку е страшна таква одлука и колку е огромна и поразителна. Честопати, ако сакаме да помогнеме некому, мораме да го пуштиме да си оди. Пако ми заспа во скут и се ослободи… Го држев цврсто, го галев и му шепнав молитви, рекла Алка.
Нејзиниот миленик Пако имаше тумор на хипофизата, не можеше да се оперира. Кучето не можело да стои на задните нозе, а при одење се влечкало и чудно се однесувало.
фото:Инстаграм принтскрин