Радио Милева Со огномет

Ален Хасановиќ со спектакуларно запросување ја побара раката на саканата Аида (видео)

Ален Хасановиќ со спектакуларно запросување ја побара раката на саканата Аида (видео)

Ален Хасановиќ кој повеќето го познаваат по учеството во „Ѕвездите на Гранд“ реши да се жени.

Прилепчанецот кој што со својот глас го освои Балканот, наедно со својот шарм ја освоил и неговата избраничка Аида.

“Таа рече ДА, те сакам Аида”, напиша Хасановиќ на социјалните мрежи, а веднаш потоа честитки доаѓаа од сите страни.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alen Hasanovic (@alen_hasanovic)

Очигледо Хасановиќ е заљубен до уши, бидејќи само пред неполни две години Ален во ТВ емисијата кај Гоце Балада истакна дека рано е за женидба, меѓутоа не било баш така.

Запросувањето се случило на отворено покрај базен, а вљубениот пејач организирал и огномет во моментот кога ја бара раката на саканата.

Видеото од овој среќен миг се најде и на неговиот Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alen Hasanovic (@alen_hasanovic)

фото: Инстаграм/Фејсбук Ален Хасановиќ

To top