Радио Милева

Ален Хасановиќ и поласка на Кристина Димитриевска, а таа му прати бакнеж (фото)

Ален Хасановиќ и поласка на Кристина Димитриевска, а таа му прати бакнеж (фото)

Манекенката, фитнес инструкторка и пејачка во обид, Кристина Димитриевска, полека, но сигурно се ослободува од префиксот „бившата на Даниел Кајмакоски“.

Таа турбо е активна на секое поле кое го зацртала како своја цел, а едно од нив е српската естрада.

Македонската естрада, веројатно не и е толку интересна, па кога Србите настапуваат кај нас, таа не пропушта прилика да биде во тек, но и да се зближи со нив.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/gaztoz-i-se-namerachi-na-eks-soprugata-na-daniel-kajmakoski-a-i-taa-za-nego-imashe-ponuda-koja-go-iznenadi/

Па така, веќе е познато дека Саша Ковачевиќ и е омилен пејач, и не пропушта ниеден негов настап, со Гастоз комуницира преку социјалните мрежи, а неодамна го покани да одат заедно во кино.

фото:ален хасановиќ/инстаграм

Сега своите симпатии ги покажа и кон ексклузивецот на „Гранд“ Ален Хаасановиќ.

Тој има нова песна насловена „Тражим те“, а Кристина специјално дотерана, од автомобилот ја запеа песната, го означи Ален и му прати бакнеж.

Пејачот не остана рамнодушен на нејзините „стори“ видеа, па ги сподели и на својот профил, бидејќи ваква русокоса убавица мора да се испочитува!

To top