Радио Милева изненадена

Aлександра Пријовиќ за Цеца Ражнатовиќ: „Ми беше чудно, не ја очекував во „Ѕвездите на Гранд“

Aлександра Пријовиќ за Цеца Ражнатовиќ: „Ми беше чудно, не ја очекував во „Ѕвездите на Гранд“

Пејачката Александра Пријовиќ која својата музичка кариера ја започна во „Ѕвездите на Гранд“ го прокоментира доаѓањето на Цеца во музичкото шоу.

„Феноменална е. Искрено, ми беше чудно кога видов дека таа ќе биде во жирито, не очекував, но одлично се снајде. За викенд работам и немам време да гледам, но потоа ја враќам емисијата да видам што се случило“, изјави Александра.

На прашањето дали би имала трема да треба сега да се натпреварува и да застане пред неа, Пријовиќ вели:

„Секако дека би имала“, искрена е пејачката.

За потсетување, Јелена Карлеуша ги напушти „Ѕвездите на Гранд“ и на нејзино место дојде Цеца Ражнатовиќ која уште во втората емисија започна да реагира и одговара на провокациите на жирито.

фото: принтскрин/јутуб/никад није касно/инстаграм/цеца ражнатовиќ/карлеушастар

To top