Александра Пријовиќ стана позната по нејзиното учество во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Таа уште повеќе стана позната кога ја започна и својата врска со посинокот на Лепа Брена, Филип Живојиновиќ.
Александра и Филип се во брак една година, а заедно го имаат синот Александар кој се роди во март оваа година.
Пријовиќ беше во емисијата „Блиц полиграф“, каде што на полиграф одговраше на разни прашања.
Дали е точно дека сте имале повеќе од 3 естетски корекции?
„Да, можеби четири“ одговори Пријовиќ.
Дали се плашите дека можеби Филип ќе ве остави?
„Не“; одговори Пријовиќ и нејзиниот одговор се покажа како неточен, а таа објасни дека не би сакала да остане без него бидејќи го сака.
Дали е точно дека во странство сте потрошиле многу пари на коцка?
„Да, наместо на излегување отидовме во казино што некаде е нормално за Лас Вегас и Монте Карло. Во една прилика потрошвиме малку повеќе од што треба“ вели Прија.
Дали е точно дека поради смртта на вашиот дедо сте пиеле апчиња за смирување?
„Да, тоа е најтешкиот период во мојот живот?“ вели пејачката.
Дали некогаш Ви понудија пари за секс?
„Не“, вели Александра и објаснува дека тоа не било директно, но и дека имало некои приказни кои доаѓале до неа.
На прашањето дали се омажила со Филип за да биде Живојиновиќ, Александра вели дека тоа не е вистина и дека никогаш не размислува на тоа кога го запознала својот сопруг.
фото: принтскрин/блиц.рс