Александра Пријовиќ располжена се појавила на прес конференцијата по повод настапот за Нова Година.
Се плашиш ли оваа година настапите да бидат одложени како и претходната година поради короната?
-Мислам дека се ќе биде океј, но ако не биде, што ќе правиме. Тогаш ќе го чекаме следниот дочек.
Како изгледа кога нешто ќе те „исфрли од такт?
-Подобро да не знаеш. Јас сум личност која брзо се нервира, но и брзо се смирувам и доаѓам на себе.
Во кои ситуации Филип најмногу те нервира?
-Кога ме брза, бидејќи и на мене како и на секоја друга жена и треба повеќе време и најчесто се караме околу тоа. Како дека ќе биде крај на светот ако задоцниме 10 – 15 минути. Тој прв попушта во кавгите, ме пушта сама да се расправам со себе, а потоа на убав начин ќе ми каже што мисли.
А синот?
-Тврдоглав е на мене. Како тој ќе каже, нема шанси да биде поразлично. Тоа ме нервира и јас сум таква. Се мора да биде по негово. Јас повеќе викам, а кога Филип ќе се налути, тој се плаши.
Што се случува со Стефан, се зборува дека не е во добри односи со семејството?
-Знам дека повеќе не пее. Колку знам, супер е. Со Филип почесто се гледаат. Со сите се слуша и јас се слушнав со него пред некој ден. Повеќе не е на Бежаниска коса, се пресели.
Дали ја запозна ли новата девојка на Виктор, Лена?
-Не, но видов дека беше на слава. Не знам ни дали се заедно. Со Сандра се слушаме одвреме и навреме
Филип и ти важите за еден од најскладните парови на естрадата. Сепак, често има има приказни дека имате кризи и дека сте пред развод. Дали те погодуваат тие приказни?
-Не, знам дека не е така.
Дали и понатаму се дружиш со Анастасија Ражнатовиќ?
-Да, супер сме. Некогаш одиме на ручек. Секогаш ни е убаво кога ќе одиме во провод. Слични сме.
Во какви се односи твоите родители?
-Коректни. Тие долго време не се заедно, но кога ќе се сретнат ќе се поздрават.
Дали сакаш да добиеш близнаци?
-Не знам, јас планирав две деца. Засега не. Сакам девојче. Сега преоритет ми е новиот албум кој треба да се појави во јуни.
Колку пати на ден се слушаш со Брена?
-Не се слушам секој ден, но се допишуваме.
Таа започнува нов бизнис, дали си и ти вклучена?
-Не, но се ми е познато. Сигурна сум дека ќе биде успешен.
фото: ана паунковиќ/инстаграм/александра пријовиќ