Српската пејачка Александра Пријовиќ гостуваше во емисијата „Амиџи шоу“, каде проговори за кавгата со колегата Аца Лукас.
-Немаше никаков проблем, јас само во медиуми читав за тоа и ништо не ми беше јасно. Ние сме во одлични односиу и нема никакви проблеми што се однесува до мене, изјави Александра.
Пејачката исто така откри дека за секое следно јавно појавување ќе се претставува под името Александра, без презиме.
-На интернет ни самата не знам како да се пребарувам, излегува по нешто и од Пријовиќ и Живојиновиќ. Затоа одлучив да биде само Алеександра бидејќи повеќе не се презивам Пријовиќ, вели пејачката.