Пејачката покажа што прави непосредно пред спектаклот во Загреб, а еве кој оди по нејзините стапки ги разнесе сите со фотографија
Пејачката Александра Пријовиќ во четврток на 30 ноември допатувала во Хрватска каде ја очекуваат пет концерти во Загребската Арена.
Откако се сместила во хотелот, Прија ја посетила Арената каде имала проба, а во еден момент снимила момент со нејзината мајка Борка.
Борка и Александра позираа среде празната Арена додека мајката на пејачката ја бакнуваше во образ.
Да потсетиме, мајката на Прија, Борка, неодамна даде интервју за тамошните медиуми каде откри колку е горда на својата ќерка.
– Пред се, триумф е да се има толку прекрасно дете. Така да воспитувам девојче… Всушност, таа е секогаш мое девојче, а сега е возрасна жена. Како родител најмногу се гордеам со нејзиниот карактер и воспитување што многу ме радува, а покрај сето тоа секако и нејзиниот успех – изјави таа.
Фото: Принтскрин/Instagram/aleksandraprijovic