Радио Милева
тешки денови

Александра Пријовиќ призна дека школските денови и биле вистински пекол (фото) 

Александра Пријовиќ призна дека школските денови и биле вистински пекол (фото) 

Александра Пријовиќ изгради успешна кариера, важи за една од најубавите пејачки на јавна сцена, ја исполни улогата на мајка и внимателно го чува приватниот живот од очите на јавноста, но патот до успехот беше трнлив и долг.

Имено, Александра живеела со мајка си во Бел Манастир, а како што своевремено изјавила за медиумите, поминала низ еден облик на насилство од врсници, каде децата на училиште ја малтретирале и ја избегнувале само затоа што сакала да пее, но и дека тешко се  борела против тој потсмев.

Александра Пријовиќ призна дека била жртва на насилство од врсниците:

-Не ми беше лесно. Ова уште никому не сум го кажала, но бев жртва на децата на училиште. Не ме тепаа, но психички ме малтретираа, ја започнала својата шокантна приказна.

„Ме понижуваа, ме нарекуваа сиромашна пејачка. Ме исмејуваа секогаш, каде ќе стигнат. На училиште после секој мој настап носеа снимки и ги пуштаа. Тие се смееја гласно, а јас слушав и гледав. Верувајте, во тие моменти срцето ми се кинеше“– рече таа и нагласи дека сега истите тие деца сакаат да и бидат пријатели.

Александра Пријовиќ призна дека децата ја исмејувале на училиште.

– Ми се јавуваат, ми пишуваат на Фејсбук и ме поддржуваат. Сега сум им слатка, убава, фина и драга. На сите им одговарам на пораките, но не заборавив како ме малтретираа, истакнала тогаш Александра, пренесува „Ало“.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Е – Сток/Часлав Вукојичиќ

Останати вести од Радио Милева