Пејачката Александра Пријовиќ освен што одржува концерти со преполни арени низ регионот, настапува и во клубови.
Сега на социјалните мрежи кружи видео клип од еден нејзин настап, а она што го кажа пејачката изненади многумина присутни.
Имено, Александра во еден момент со микрофонот побарала виски.
„Ако може едно виски за мене“, побарала таа, а публиката почнала гласно да се смее.
Watch on TikTok
Откако ја изразила специјалната желба, Александра ја отпеала познатата фолк песна од Синан Сакиќ „Еј, од кад сам се родио“, а публиката ја фрлила во транс.
Видеото од овој познат настап како молња се прошири на социјалните мрежи и стана вистински хит.
Фото:Принтскрин/ТикТок/Инстаграм