Александра Пријовиќ не штеди на гардеробата, носи фустани од светски дизајнери, а изминатите денови одржа пет концерти во Осиек, а секоја вечер на публиката и приредуваше незаборавен спектакл.
Покрај добрата забава, Алексадра покажа и 10 скапи комбинации кои ја чинеле вкупно 20.000 евра.
Пејачката најмногу носеше модели на Версаче во Осиек, а посебно се потруди втората вечер кога само за фустан од овој познат италијански бренд издвои 7.000 евра.
Пријовиќ секоја вечер концертот го започнуваше во уникатни модели на нејзината стилистка, па носеше златен фустан во форма на машна од 3.000 евра, додека на вториот концерт носеше црн комбинезон со сребрен вез од 4.000 евра. Третата вечер ја отворила со златен комбинезон вреден 4.000 евра, а четвртата во црна тантела по истата цена.
Вториот дел од концертот беше резервиран за моделите на најпознатите модни куќи, па таа на фановите во Осиек првата вечер им пееше во „муглер“ хеланки од 350 евра и бела јакна со корсет од 2.100 евра.
View this post on Instagram
Втората вечер Прија го облекла и познатиот металик фустан од Версаче од 7.000 евра, додека третата вечер се одлучила за црн кожен горен дел и мини здолниште од истиот бренд од 2.800 евра.
Таа четвртата вечер се одлучи за леопардското издание „долче и габана“: фустан од 1.450 евра, чизми од 1.150 и ракавици од 500 евра.
Последната, петта вечер, Прија повторно облече шарен мини металик фустан од брендот „Рабан“ вреден 3.500 евра, а потоа се пресоблече во црн фустан „Балман“ со детали во форма на сребрени ѕвезди. Сето ова води до вкупна бројка од 20.000 евра.
Фото: printskrin/instagram/uvekuzprijovicku