Атрактивната и провокативна гевгеличанка, моделот и поранешна ријалити учесничка, Александра Накова, стана газдарица на бутик во родната Гевгелија.
Како што е ред, ден за свечено отворање беше среда, за да тргне со лесно и со среќа.
View this post on Instagram
Накова веќе извесен период најавуваше дека планира да започне еден ваков бизис со трговија на облека, а во намерата беше истрајна и успеа во зацртаното.
Новопечената газдарица ги пречека гостите облечена во ултра провокативно црно кусо коктел фустанче чие деколте беше шокантно широко од бујните гради на Накова.
Фотографии на Инстаграм не изостанаа, а веќе е отворен и профил на социјалните мрежи за бутикот кој го носи името „ AN House of Fashion“.
View this post on Instagram
Од приложеното може да се види дека се работи за женска гардероба, провокативна, но и едноставна и комерцијална за сечиј вкус. Со среќа!