Промотер

Александра Накова е „Лутка“ за балканскиот пазар (ВИДЕО)

Александра Накова е „Лутка“ за балканскиот пазар (ВИДЕО)

Периодов Александра Накова е речиси секојдневно експонирана во медиумите. Но, освен уживањето по грчките плажи и таверни, а и домашните базени, кафулиња и ноќни клубови, гевгелиската „кукла“ беше зафатена со снимањето на новиот спот за песната „Лутка“ на групата „Балкан бенд“, отпеана на српски јазик .

Накова таму  ја има главната улога во музичката приказна од видеото за новата песна наменета за балканскиот пазар, кое бендот веќе го објави.

Во него макенскиот топ модел и џетсетерка, костимите ги менува во секој втор кадар, а нејзиното присуство е повеќе од естетско-декоративна природа, отколку некаква содржајна улога која би го следела текстот…

Впрочем стиховите имаат приказна, но не и видеото кое речиси целото е обична „тезга свирка“ на сцената, по која Накова бесцелно парадира покажувајќи го сиот свој телесен раскош. Но, тоа е проблем на режисерот и сценаристот на видеото, па и на самиот бенд, а не и на убавицата, која дала се’ од себе, да го понуди најдоброто од себе.

А, Накова и тоа како има што да понуди, за разлика од спотот кој заслужувал да биде многу подобар и заради квалитетот и комерцијалноста на песната и заради желбата „Балканци“ да го освојуваат Балканот, ама…

Нејсе, „Лутка“ е сепак пристоен музички избор за обид да се отвори вратата на комшискиот пазар, а видеото…? „Лутка“ без Накова би било како (Л)утка без „Л“!  Со неа, барем има што да се види… и без сценарио.

Изведувач: Балкан Бенд, Музика: Александар Тасевски, Текст: Александар Стефановски, Аранжман: Дејан Момироски, Снимање, микс и мастеринг: Дејан Момироски – студио XL Момироски,  Видео: Студио 5

 

To top