Пејачката Александра Младеновиќ призна дека била жртва на насилство од нејзиното поранешно момче. Таа вели дека нејзиното поранешно момче и удрило шлаканица при расправија и била жртва на насилство бидејќи имал големи изливи на агресија.
Младеновиќ тврди дека не можела да возврати и дека и требало долго време да најде сила да зборува на оваа тема бидејќи сликите на агресија и денес се пред нејзините очи.
– Кога се преселив во Белград си реков дека морам да бидам силна и цврсто да стојам на нозе. Изгледам како девојка која може да убие, но всушност сум нежна душа. Реков дека во голем град морам да бидам своја мајка и татко, брат и сестра и дека морам да научам да се заштитам од се ако се појави потреба. Вистина е дека понекогаш влегувам во вербален конфликт со други луѓе затоа што секогаш кажувам се што мислам, но никогаш не сум била некој што поддржува насилство – тпотврдила пејачката за тамошните медиуми и продолжила:
– Извесен период бев жртва на насилство и долго време не можев да зборувам за тоа. При расправија бившиот дечко ми удри шлаканица, бев во таков шок што не знаев што да му кажам, а камоли да му го вратам истото. Тоа се случи, за среќа, еднаш и веднаш ставив крај. Тие беа страшни изливи на агресија. Некако преболев, но престанав да им верувам на мажите и се плашам од нови врски. После тоа раскинување ми требаше долго време да се отворам некому и да влезам во врска. Ако ја изгубите довербата, таа не може да се изгради преку ноќ.
Младеновиќ вели дека никогаш не се осудувала себеси затоа што била во врска со насилник, со оглед на тоа дека не можела да го знае тоа.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Ата Имаџес