Пејаката Александра Младеновиќ го пријави својот поранешен партнер за закани и малтретирање, по што бил уапсен.
Имено, поранешното момче на пејачката е приведено врз основа на нејзината пријава, кога повикала полиција и кажала дека нејзиниот поранешен партнер ја демне и и се заканува со убиство и самоубиство.
Според информациите, Александра Младеновиќ трпи огромен стрес поради целата ситуација која настана по раскинувањето со нејзиниот партнер.
Нејзиниот поранешен партнер по пријавата на пејачката добил забрана за задржување, која веднаш ја прекршил бидејќи по предупредување се нашол пред станот на Александра Младеновиќ, поради што полицијата го привела, а по неколку часа бил пуштен на слобода.
По ослободувањето, Стефан почна редовно да се рекламира на својот Инстаграм, каде објавуваше фотографии со Александра, но и објави дека му е забранет влез во Србија. Бидејќи е државјанин на Босна и Херцеговина, во соопштението за забраната за влез се наведува дека до 24 октомври 2024 г. нема да може да влезе во Република Србија.
„Ти благодарам љубов“, напишл поранешниот партнер на пејачката на Инстаграм, а потоа набрзо ја избриша оваа објава. Соседите на Александа од зградата во Велики Мокро Луг тврдат дека пејачката многу тешко го поднела овој скандал, па во вторникот плачела цел ден, поради што и дале лекови за смирување за малку да се смири. За да не биде сама во оваа тешка ситуација, со неа во станот се нејзиното семејство и најблиските пријатели.
Но, за тоа дека ситуацијата воопшто не е безопасна говори и тоа што поради тешката психичка состојба во која моментално се наоѓа Александра, мораше да реагира и екипата на итната помош. „Александра е навистина лошо. Кога ќе исчезнат ефектите од седативи, таа само плаче. Таму се нејзината мајка, кумата Вања, неколку другарки, но таа е неутешна за се. Се обидоа да ја смират, но безуспешно. Како што им се доверила, многу се плаши од одмаздата и на се што е подготвен да и направи. Таа е убедена дека тој е подготвен на се за мало медиумско внимание, па мисли дека сега ќе почне јавно да ги објавува нивните интимни преписки, слики и видеа. Затоа е без памет“, изјави за „Курир“ познаник на Александра, откривајќи нови детали од инцидентот што се случи во понеделникот:
„Во моменти на лудило, кога тој дојде пред зградата и тропна на нејзината врата, а таа не сакаше да го пушти во станот, Стефан и ја дупна гумата на автомобилот што беше паркиран напред. Мислеше дека тоа ќе ја спречи да оди некаде и да побегне од него. Затоа повикала полиција. Кутрата Александра. Во станот дошла и екипа за итна помош, се задржале околу 15-20 минути. Беше болна од сиот стрес. Се надевам дека ќе се опорави од сето ова“.
Поранешниот партнер на Александра Младеновиќ по скандалот го заклучи својот профил на Инстаграм и објави заедничка фотографија со пејачката од периодот кога уживаа во љубовта како профилна слика. По тешките моменти низ кои поминала, Александра објавила на својот Инстаграм каде истакнала дека нејзиниот поранешен партнер бил манипулатор, дека ја изневерувал и малтретирал, а девојките ги предупредила да внимаваат при изборот на мажи.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Стефан Цецарр/Часлав Вукојичиќ/