Македонската поп пејачка Александра Јанева има нова песна и видео за неа, кој го носи насловот „Ќе се вратам некој ден“ и која уште на прво слушање „влегува в уво“.
Станува збор за авторско дело на Панче Касапски, кој се потпишува како композитор на музиката, а стиховите ги напишал заедно со Огнен Неделковски, додека за аранжманот и продукцијата се погрижил Иле Спасев.
Сето тоа визуелно во симпатичен летен видеоспот го спакувал Ѓорѓи Вацев со неговата „Rewind production“, а главните улоги ги имаат самата Александар Јанева и Панис Карол.
За кореографијата пак, сепогрижила Оле Илиева, а како звучи и изгледа најновото дело на талентираната струмичанка, проследете во продолжение: