Промотер

Александра Јанева љубовно ранета, а нејзините солзи не ги перат ниту неговите рози во – „Дождови“ (ВИДЕО)

Александра Јанева љубовно ранета, а нејзините солзи не ги перат ниту неговите рози во – „Дождови“ (ВИДЕО)

Александра Јанева има нов музички проект. Вчеравечер,  четврток, 01. февруари 2024 година на јавноста и ја претстави својата нова песна која го носи насловот „Дождови“. Оваа нумера денови наназад струмичанката ја најавуваше на своите социјални мрежи. Песна со моќен текст кој ќе ја воодушеви публиката на прво слушање.

„Голем предизвик е да траеш на македонската музичка сцена толку години и да се трудиш да ги следиш сите актуелности, а сепак да останеш доследен на квалитетот кој за мене лично е многу важен. За овој проект вклучивме и нови, млади луѓе кои ни дадоа свежа енергија. Голема благодарност и до „Dance Team Fusion“. Горда сум на целиот тим кој работеше на овој проект и се радувам на сите следни песни кои наскоро ќе излезат, а на кои веќе напорно се работи“ – вели Александра.

Авторскиот тим кој се потпишува за ова музичко дело се: Музика и текст – Лазар Цветкоски и Александра Јанева, аранжман и продуцент – Лазар Цветкоски, додека видеото, пак, кое е приказна за себе, но и приказна полна со многу драги луѓе на Александра е работено со Горан Симјановски.

Кариерата на Александра Јанева во последните неколку години оди по нагорна линија, но пејачката не застанува тука.

Напротив, веќе одреден период работи на нова музика и песни кои наскоро ќе го здогледаат светлото на денот, а дотогаш, уживајте во нејзините „Дождови“.

To top