Кога пред два месеци дозна дека е во блажена состојба, пејачката Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг Филип не можеа да ја сокријат среќата.
Радосните вести ги споделија со членовите на семејството и кумовите, а потоа и со јавноста.
Сопружниците, кои на 21-ви јуни во Белград еден на друг се заколнаа на вечна љубов, неодамна го дознаа и полот на бебето.
Во семејството Живојиновиќ доаѓа првото внуче, и тоа машко, што двојката посебно е разнежнета.
Пејачката, која инаку е единица, заплакала кога лекарот и кажал дека ќе роди момче. За ова и многу повеќе детали Живојиновиќ открија во интервјуто за магазинот „Глоси“.