Промотер

Александар Тарабунов – Тара отворено си побара – „Дај ми“ (ЛИРИК ВИДЕО)

Александар Тарабунов – Тара отворено си побара – „Дај ми“ (ЛИРИК ВИДЕО)

Александар Тарабунов – Тара и покрај тоа што е лето не одмара. Пејачот повторно на своите фанови им подари нова песна, која ги има сите предиспозиции да биде летен хит. Темата овој пат носи провокативен наслов: „Дај ми“, а аместо класичен видеоспот, Тара овојпат понуди интересно лирик видео преку кое е ставен акцентот на стиховите во песната кои ги напишал самиот Тара, како што ги потпишал и музиката и аранжманот на истата.

„Времето поминато дома го користам продуктивно, во компонирање и создавање музика. Сосема спонтано и случајно излезе ‘Дај ми’, тема која е што е комплетно мое авторско дело и за која што се надевам дека публиката ќе ја прифати и ќе и се допадне. Не отстапував ниту овојпат од звукот кој што  е препознатлив за мене“ – ќе изјави пејачот.

„Дај ми“ официјално е објавена на Јутјуб каналот на Тарабунов кој што после одредена пауза повторно е активен, а на истиот покрај новата песна, можете да најдете и дел од темите кои што ја имаат одбележано неговата досегашна кариера. Каналот го носи неговото име и презиме – Александар Тарабунов,  а на истиот можете да се претплатите.

Во меѓувреме слушнете ја новата песна на Тара, која публиката веќе почна да ја бара: