Промотер

Александар Тарабунов смисли како да и признае – „Луд сум по тебе“ (ВИДЕО)

Александар Тарабунов смисли како да и признае – „Луд сум по тебе“ (ВИДЕО)

Александар Тарабунов одучи да го екранизира својот минатогодишен хит „Луд сум по тебе“ кој го сними со својот долгогодишен соработник – хитмејкерот Роберт Билбилов кој е автор на музиката и аранжманот, и секако продуцент на песната.

Снимањето беш закажано за 22 март во МОБ, а имајќи го предвид заразниот ритам на песната и атмосферата од скопските игранки во 50-ите која требаше да се долови, за забавата беа потребни повеќе луѓе, па пејачот побара помош преку социјалните мрежи.

Сепак, покрај бројните статисти во видеото се појавуваат и некои познати ликови од естрадниот, музичкиот, спортскиот, уметничкиот живот како самиот Роберт Билбилов на пример кој свири пијано во видеото, потоа кошаркарката и бодибилдерка Едина Муса, Мила балеринКата Ниновска... и секако самиот пејач, кој според костимот и маската се чини дека се обидел да го долови татко му  Ванчо Тарабунов на млади години.

Имено, повозрасните знаат дека фолк легендата Ванчо Тарабунов во младоста бил еден од оние фраери кој ги забавувале скопјани на познатите скопски игранки и матинеа во 50-ите и почетокот на 60-ите години, а токму неговиот лик како и целата таа атмосфера Тарабунов – јуниор заедно со  режисерот на видеото  и уметнички фотограф Зоран Стојановски – Зонде, се обиделе да ја пресликаат во спотот за „Луд сум по тебе“!

Како сето тоа изгледа погледнете во продолжение, а воедно  и уште еднаш потсетете се на последниот хит на Александар Тарабунов, кој добива поинаков лик и форма со самата визуелизација.

To top