Радио Милева „Никогаш не направи ниту една грешка“

Александар Јосифовски „растури“ во „Ѕвездите на Гранд“, но тоа не беше доволно: Македонецот испадна од музичкото шоу (видео)

Александар Јосифовски „растури“ во „Ѕвездите на Гранд“, но тоа не беше доволно: Македонецот испадна од музичкото шоу (видео)

Во последната емисија на „Ѕвездите на Гранд“ настапуваше и македонскиот кандидат Александар Јосифовски од Охрид.

Александар беше во дуел со Садик Хасановиќ.

Јосифовски се претстави со песните „Кад заборавиш јули“ и „Македонија“.

фото: принтскрин/јутуб

По крајот на интерпретациите на двата кандидати, двајцата освоија по шест гласови, а по прегласувањето Јосифовски замина во бараж.

„Музиката и само музиката ме натера да се одлучам за кандидатот број 2, одлични кандидати, одлични пејачи“, изјави Снежана Ѓуришиќ.

Јелена Карлеуша гласаше за Јосифовски.

„Најдобар машки рок кандидат на ова натпреварување, тоа го покажа и докажа. Дечко, никој не може да ти се приближи. Ти никогаш не направи ниту една грешка“, изјави Карлеуша.

фото: принтскрин/јутуб

Меѓутоа, ни шесте гласа, ниту пак пофалбите не беа доволни Александар да помине во полуфиналето.

Имено, во баражот не беше прочитано неговото име дека поминува во следен круг, па за жал Јосифовски ги напушти „Ѕвездите на Гранд“.

Инаку, тој се огласи на својот Инстаграм и се заблагодари на сите за поддршката, на неговото семејство, пријатели, на неговиот ментор Ѓорѓе Давид, а како што истакна подготвува и нова песна која наскоро ќе може да ја слушнете.

 

To top