Радио Милева прошетка по спомените

Александар Белов со емотивна фотографија 10 години подоцна: „Операција триумф“ или операција пропаст“? (ФОТО)

Александар Белов со емотивна фотографија 10 години подоцна: „Операција триумф“ или операција пропаст“? (ФОТО)

Во последната деценија видовме безброј музички натпревари, талентирани млади луѓе и ветувања за големи кариери, албуми и концерти. Сепак, на крајот се’ се сведе на премногу талент и премалку исполнети ветувања. Каде заглавија музичките кариери на кандидатите од шоуто „Операција триумф“? Веројатно тие дури ниту самите не знаат.

Нашиот Александар Белов, единствениот учесник во ова славно музичко талент шоу со неславен крај на кариерите на неговите учесници, со постирана фотографија и статус на социјалните мрежи  се потсети на датумот на раѓањето на тогаш „идните музички ѕвезди“, кои тоа во вистинска смисла на зборот, никогаш не станаа, ако се исклучи локалната слава.

„Операцијата Триумф“ траеше само една сезона и беше емитувана на ТВ во регионот во 2008 година. Комбинацијата на музички натпревар, камп за млади музичари и ријалити шоу програма по теркот на „Големиот Брат“, беше „мамец“ за публиката, јадица на која на почетокот се закачија сите, од 7 до 77 години.

ТВ гледачите, особено оние тинејџерите, навиваваа, плачеа, пееја и се смееја со нивните нови идоли. По четири и пол месеци  емитување се доби и победникот – Аднан, како и потенцијалните ѕвезди на локалната поп-рок сцена: Вукашин Брајиќ, Данијела Павловиќ, Ана Бебиќ, Соња Бакиќ, Никола Сариќ, Никола Пауновиќ, Милица Мајсторовиќ, Мирјана Костиќ и нашиот Александар Белов.

Факт е дека секој од нив  по завршување на натпреварот се бореше за своето место под ѕвезденото небо, но освен пофалбите од жирито и тапкањето по рамо од продукцијата, никој од нив „не се најаде леб“ од музиката. За жал, талентот не беше доволен за денес било кој од нив да биде доминантен во медиумите и кај публиката на регионалната сцена како што ветуваа пред 10 години.

Останаа само спомените и потсетување на датумот: 29.09 2008, кога „ѕвездите беа родени“… Ама за жал, никогаш „не блеснаа“… Не барем толку, колку што требаше!

To top