Радио Милева

Александар Белов се изолираше во Србија, а еве како го минува времето таму

Александар Белов се изолираше во Србија, а еве како го минува времето таму

Како и поголмиоот број на граѓани, така и македонскиот пејач Александар Белов ги почитува мерките за заштита од Ковид19 и деновите ги поминува во самоизолација.

Имено, Александар и неговата сопруга Јелена Станковиќ живеат во Крагуевац, а пејачот за „Женски магазин“ открива како го минува времето дома.

„Во ова вонредна состојба, која непланирано нѐ снајде, друга опција освен да седиме по дома немаме. Сите мораме да се чуваме за да ја победиме оваа борба со невидливиот непријател. Битно е да сме сите добро. Слободното време сега е во изобилие па го користам да слушам музика, да гледам филмови и да играм плестејшн и некако поминува времето. Гледаме и вести и прес-конференции“, вели тој за „Женски магазин“ и додава дека дома не бил од минатата година.

фото: инстаграм

„ Во Македонија не сум бил од минатата година, и искрено едвај чекам да ова помине за да се видам со најблиските и со нашите пријатели“.

Тој објасни дека неговата сопруга Јелена која е економист по професија оди на работа, но и потенцираше дека не се плаши од кризата бидејќи ги почитува мерките за заштита.

фото: инстаграм

За потсетување, Александар и Јелена направија свадба во 2019 година, а претходно беа 6 години во врска.

To top