Радио Милева крстена...

Александар Белов правеше крштевка на својата слатка ќеркичка: Мина ја прими православната вера (ФОТО)

Александар Белов правеше крштевка на својата слатка ќеркичка: Мина ја прими православната вера (ФОТО)

Македонскиот поп- пејач Александар Белов кој се ожени на 29 септември 2019 година во Србија и сега живее и работи во Крагуевац. Тој и неговата сопруга Јелена за првпат се остварија во улогата на родители годинава точно на василица ( 14. 01. 2022 г.) и ја добија ќеркичката Мина.

Преслатката мала убавица откако наполни прет месеци дојде ред и за нејзинта крштевка, која гордите родители и семејствата ја направија овој викенд, во еден српски православен храм.

 

Според споделените фотографии кои пејачот ги објави на своите профили на социјалните мрежи, крштевањето на малечката Мина се одвивало во кругот на потесното семејство и кумовите, разбирливо според православните обичаи.

Преслатката принцеза ја прими верата и за разлика од многу малечки дечиња кои обично збунети и подисплашени знаат да заплачат не знаејќи што се случува додека трае обредот и чинот на крштевањето, таа на фотографиите е постојано насмеана со љубопитен поглед разгледувајќи наоколу.

„Секогаш да си напредна и да чекориш по патот на среќата, здравјето секаде да те следи секој чекор да ти се позлати. Среќна крштевка душо наша!“ – напишал гордиот татко покрај споделената фотографија со малечката Мина прд црковниот олтар, во рацете на неговата сопруга Јелена покрај него.

Нека и е среќна крштевката и вечно името.

Фото: Инстаграм и Фејсбук принтскри/aleksandarbelov

To top