Победничката на „Задруге 6“, Алекс Николиќ и нејзиниот вереник Филип Цар поминаа неколку дена заедно во родната Цриквеница.
Имено, како што рече, синоќа Цар не се појавил во емисијата „Народ пита“, бидејќи имало смртен случај во семејството, а таа изразила сочувство по тој повод. Алекс во текот на самото шоу коментираше за актуелни теми и врски кои и по завршувањето на најгледаното реално шоу на Балканот продолжуваат да ги тресат медиумите.
Таа во оваа прилика во разговор со гледач ги демантираше медиумските наводи дека мајката на Цар ја исфрлила од дома и откри дека и било кажано дека ќе забремени во август.
-Тоа е таква лага, тоа воопшто не се случило, а мајка му е прекрасна жена, целото семејство е одлично. Не ми е јасно за што служат некои портали, срамота е. Со Филип цветаме и ми рекоа дека ќе забременам во август па искрено се надевам – изјави Алекс.
Фото: Принтскрин/Ата Имаџес/Ненад Костиќ/Немања Николиќ