Сè повеќе млади уметници одлучуваат да им дадат нов живот на традиционалните македонски песни, а еден од нив е и талентираниот инструменталист Александар Петковски алијас Алекс Кавал. Тој деновиве го објави видеото за неговата одлична обработка на познатата „По друм одам“, која ја изведува на суптилен начин, а самата екранизација има малку поинаков, модерен пристап.
Аранжманот на новата верзија го направи Александар Котевски, на тапани гостува Димитар Наумовски, а миксот го направи Михајло Манојловски, додека мастерингот е на Александар Тасиќ во студиото „А“ во Србија.
Видеото, пак, кое е во режија на врвниот Кристијан Шемкоски и во реализација на продукцијата „Пирамид“, се снимаше на повеќе локации во Скопје, а главните улоги ги толкуваат Томи Здравковски и Моника Зарапчиева.
Како изгледа и звучи сето тоа можете да видите и слушнете во продолжение: