Хиларија (35) и Алек Болдвин (62) ќе станат родители на своето петто дете.
Оваа вест пристигна четири месеци откако инструкторката по јога Хиларија имаше втор спонтан абортус,а таа радосните вести ги сподели на својот „Инстаграм“.
„Вклучето го звукот. Ќе го пуштам бебето да зборува бидејќи ги изгубив зборовите со кои би ви опишала како се чувствувам кога ќе го слушнам овој звук. Добив вести дека со бебето се е во ред и сакав тоа да го споделам со вас. Одиме од почеток“ напиша Хиларија во описот на фотографијата.
View this post on Instagram
Хиларија и Алек се во брак осум години, а за тоа време ја веќе ја добија ќерката Кармен Габриела и синовите Ромео, Леонардо и Рафаел.
Болдвин по шести пат ќе стане татко бидејќи од бракот со поранешната сопруга Ким Бесинџер ја има ќерката Ајрленд Болдвин.