Претставничката на Албанија на годинешната Евровизија во Ротердам, со нов гаф.
Имено, таа најпрвин предизвика скандал кога на црвениот тепих покажа двоглав орел, симбол на така наречената Голема Албанија. Сега, Анџелија Перистери се појави на еден од фестивалските настани со иста црвена тока каква што Лепа Брена носеше на церемонијата на доделување на ланските MAC 2020 награди во Белград.
И тоа не е единствениот гаф на албанската претставничка на Евровизија кога станува збор за овој моден детал!
Таа се појавуваше преку ден со токата на главата, што е надвор од правилата за носење тока. Строго модно правило е дека токата вечерен моден детал кој се носи исклучиво од 18 часот натаму, а до тогаш строго шешир или шапка.
Фото: Инстаграм принтскрин/anxhelaperisteriofficial/lepabrenaa