Странските медиуми објавија дека актерот Сајмон Бејкер бил виден во друштво на мистериозна бринета и дека не станувало збор само за пријателство, за што сведочат и нивните последни фотографии на кои разменуваат нежности на една австралиска плажа.
Станува збор за Лора Меј Гибс (36), ко-сопственичка на бренд за спортска облека и голем љубител на јога и здрав начин на живот, како и голема противничка на какви било естетски операции и зафати.
Сајмон и Лора се запознаа во Бајрон Беј, каде се наоѓа нејзиното модно студио, во близина на неговата фарма.
Да потсетиме, актерот и неговата сопруга Ребека ја шокираа јавноста со веста за разводот по долг и хармоничен брак, иако на почетокот не се знаеше дека очигледно им судело трето лице.
„Остануваме блиски пријатели и нашите три деца ќе останат наш најважен фокус“, рекоа заедно неодамна.
Сајмон и Ребека се запознаа во раните 90-ти, а тие се венчаа во 1998 година по пет години заеднички живот. Родители се на: Стела, Клод и Хари. Ребека Риг, како и нејзиниот поранешен сопруг, се занимава со глума.