ЏередЛето, пејачот на групата „30 секунди до Марс“ и оскаровец, за малку ќе го загубел животот качувајќи се на карпи.
Лето, кој публиката го памети и како Џордан од серијалот „Мој таканаречен живот“, видеото од незгодата го објави на Инстаграм.
„Не сакам да звучам премногу драматично, но ова е денот кога за малку ќе умрев.Сериозно паднав качувајќи се со пријателот на Црвената карпа. Погледнав нагоре и за неколку секунди камен го прережа јажето додека висев на 182 метри. Се сеќавам дека погледнав надолу, беше чуден момент,малку страв, повеќе неизвесност, малку меланхолија. Адреналинот дојде подоцна, кога се вратив стабилен. Преживеавме и доживеавме да видиме уште еден нов ден. Сепак, беше забавно, продолживме да се качуваме цела ноќ, напиша актерот.
View this post on Instagram