„Пенси Паркинсон“ од хит серијалот „Хари Потер“ објави дека е во блажена состојба.
Скарлет Бирн, сега Хефнер, откри дека таа и нејзиниот сопруг, син на починатиот Хју Хефнер, Купер, го очекуваат своето прво дете.
“Со задоволство можеме да кажеме дека малото е на пат. Нашите срца се исполнети со радост и не можеме да чекаме да го запознаеме малиот Хефнер”, напиша Скарлет на Инстаграм.
Актерката се омажи за Купер минатата година по четиригодишна врска, а за тоа време таа се соблече за познатиот магазин „Плејбој“.