Најголемо изнененадување на втората епизода од осмата сезона на „Игра на тронови“ е првиот бакнеж и сексуалениот однос меѓу Арје Тарк и Генри кои во претходните сезони само се гледаа и разменуваа духовни фрази.
Фановите на серијата на социјланите мрежи коментираа дека актерката Мејзи Вилијамс која ја игра улогата на Арје ја гледаат како помлада сестра и дека им било непријатно што ја виделе гола.
По многубројните коментари, Мејзи се огласи на Твитер и истакна како се чувствува по провокативните сцени.
„Ако се вие чувствувате непријатно, само да знаете дека мојата мајка, мојот татко, двете сестри и четирите браќа ја гледаа сцената“ напиша Мејзи.
Имено, кога почнала да се снима серијата Мејзи имала 13 години, а кога се снимала провокативната сцена има 22 години.