Актерката на „Игра на тронови“ јавно побара помош откако израелските служиби за деца и ја одземале осумесечната ќерка.
Џозефин Гилан која се прослави со улогата Мареи во популарната серија изјави дека нејзината пријателка го чувала бебето бидејќи таа морала да оди на терапии поради депресија по породувањето.
Пред неколку дена социјалната служба чукнала на врата, го земала бебето и го дала на друго семејство.
Џозефин отвори профил на “Gofandmi” каде што помош за трошоци за правната борба.
„Јас сум Џозефина Гилан, глумев во серијата „Игра на тронови“ и моментално не сум вработена. Пред три месеци Израел ја киднапираше мојата ќерка и ја предаде на друго семејство. Не ми дозволува да ја гледам. Не знам каде е. Не направив ништо лошо, ниту пак моите пријатели кои ја чувале мојата ќерка“ напиша актерката.
Таа е по потекло од Голема Британија, но претходната година кога ја роди ќерката се пресели во Израел.